Поддршката на образованието и новите генерации е една од основните цели содржани во Стратегијата за општествена одговорност на ОКТА АД – Скопје. Во таа насока, компанијата веќе неколку години, преку различни активности и иницијативи го помага образовниот процес во државата и ги поддржува младите талентирани и амбициозни луѓе во надградбата на нивниот образовен и професионален развој.
Свесни дека модерниот начин на живеење и работење бара континуирано вложување во нови знаења и вештини, постојано бараме начини преку кои ќе ја понудиме нашата поддршка на младите луѓе, но и на образовниот систем во целина. Успешните и посветени студенти се носители на идниот развој на земјата и токму затоа новите генерации се една од целните групи кон кои ОКТА ќе биде фокусирана и во иднина.
Досега во рамките на проектот „Нова генерацја“ се реализирани следните активности:
Доделени стипендии за втор циклус студии на вкупно 42 студенти на УКИМ;
Доделени стипендии за втор циклус студии на Универзитетот во Пиреја и Универзитетот во Крит (Република Грција) на вкупно 7 студенти;
Досега над 100 студенти беа дел од Практикантската програма на ОКТА преку која имаа можност да стекнат практично искуство и да го надградат своето знаење. Особено сме горди што дел од нив се вработија во компанијата и останаа дел од тимот на ОКТА;
Донација на фотоволтаична централа на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
Дополнително, ОКТА во континуитет го поддржува и неформалното образование преку учество во следните проекти:
Главен поддржувач на Камповите за млади лидери GLOW и YMLP на кои секое лето учествуваат повеќе од 100 средношколци од целата држава;
Спонзорирање часови по грчки јазик во Скопје, со кои за три години беа опфатени вкупно 40 средношколци, студенти и млади вработени лица.