Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

КОО

Како дел од корпоративната стратегија, ОКТА е посветена да возврати и на значаен начин да придонесе во општеството каде што работиме и живееме. Имајќи го предвид фактот дека сме една од најголемите компании во земјата, веруваме дека со користење на нашите ресурси и работна сила, можеме да придонесеме и влијаеме за доброто на целата заедница. Ја препознаваме одговорноста да бидеме добар корпоративен граѓанин и затоа сме посветени на постигнување видливи и мерливи бенефити за нашите вработени, нашите клиенти и општеството во целина.

Важна улога во општествено-одговорниот концепт на компанијата имаат и нашите вработени, кои често доброволно иницираат и се вклучуваат во хуманитарни активности. 

Во овој контекст, помеѓу позначајните иницијативи на ОКТА во текот на 2023 година се вбројуваат следните:
  • Главен спонзор на машката сениорска кошаркарска репрезентација во Олимписки претквалификации и квалификации за EuroBasket 2025
  • Поддршка на културни активности преку спонзорирање на реномираните музички фестивали Охридско Лето, Скопје Џез Фестивал и ОФФест, Скопско лето
  • Поддршка на вториот годишен Скопје ЕКОНОМСКИ ФОРУМ 
  • Донација на опрема во форма на кациги, ѕвончиња и светла за поголема безбедност во сообраќајот на велосипедистите и мотоциклистите
  • Донација на 3 кровни фотоволтаични системи за едукативни институции во државата
  • Донација за ранливите групи граѓани преку соработка со Црвениот Крст на Град Скопје.
  • Донација за Здружението на граѓани за поддршка на лица со ретка болест Вилсон за организација на хуманитарната трка “Подај рака 2023”. 
  • Донација на 6.000 литри гориво за греење за потребите на СОС Детско Село.
  • Донација на телевизори наменети за подобрување на условите во училиштата во околината на ОКТА како и новогодишни пакетчиња за децата од овие училишта
  • Црвен крст при ОКТА три пати годишно организира крводарителски акции на кои учествуваат голем број вработени во компанијата.