Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

Историјат

  • 1978

    Во надлежниот суд е донесено Решение за формирање и конституирање на Работна заедница за изградба на Рафинерија - оваа година е земена како година на формално основање на компанијата.
  • 1982

    Во редовна работа се пуштени процесните постројки за примарна преработка на сурова нафта.
    Наредната година, Советот на рафинеријата на свечена седница го прогласи завршувањето на целокупната изградба на објектите и инсталациите на рафинеријата.
  • 1990

    Компанијата е официјално трансформирана во Aкционерско друштво. Дел од акционерскиот капитал на ОКТА им припаѓа на вработените и на Фондот за пензиско инвалидско осигурување.
  • 1999

    Донесена е одлука со која компанијата "EL.P.ET. – BALKANIKE, SOCIETE ANONYME PETROLEUM TRADING AND INVESTMENT", член на Хеленик Петролеум Групацијата, станува стратешки инвеститор во ОКТА.
    Истата година согласно Закон за трговски друштва е извршено усогласување на називот на фирмата, во ОКТА Рафинерија на нафта акционерско друштво – Скопје или скратено ОКТА АД - Скопје.
  • 2002

    Со свечено отварање во присуство на високи владини претставници официјално беше пуштен во употреба нафтоводот Thessaloniki – Скопје. Со оваа инвестиција вредна преку 100 милиони US долари се постигна интеграција на рафинеријата OKTA и рафинеријата во Thessaloniki.
  • 2006

    Модерно опремената лабораторија на ОКТА, ја доби акредитацијата за работа од страна на Државниот институт за акредитација, со што стана прва акредитирана лабораторија во земјата за проверка на квалитетот на нафтените деривати што се пласираат на пазарите во земјата и во регионот.
  • 2007

    Во периодот од 2000 до 2007 година, беа инвестирани вкупно 60 милиони US долари за надградба и модернизација на инсталациите, како и постигнување на важечките стандарди за заштита на животната средина.
  • 2008

    ОКТА достигнува значаен прогрес во проширувањето на својата малопродажна мрежа преку ребрандирање и изградба на бензински пумпи низ целата држава.
  • 2013

    Во јануари 2013 рафинеријата го стопираше процесот на производство. Компанијата започна со проект за трансформација од нефлексибилна и неефикасна тешка индустрија во динамична и ориентирана кон клиентот, логистичка и трговска компанија, обезбедувајќи непрекинато и сигурно снабдување со гориво на земјава.
  • 2015

    Kомпанијата се стекнa со Сертификат за интегриран менаџмент систем по стандардите EN ISO 9001:2008, EN ISO 14001:2004, OHSAS 18001:2007. 
    Долгорочниот придонес на OKTA во кампањата “Шанса за живот” беше препознаен со добивање на Меѓународната награда за Најдобра општествено одговорна практика.
  • 2017

    Kампањата на ОКТА, "ЈАС ВНИМАВАМ" за подигнување на јавната свест за потребата од поголема безбедност во сообраќајот, беше прогласена за најдобра национална општествено одговорна практика во категоријата вложување во заедницата кај големите компании во 2017 година, на годишната манифестација организирана од страна на на Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија.

  • 2018

    Со добивање на лиценца за снабдување со електрична енергија од Регулаторната комисија за енергетика, компанијата започна со активности на пазарот на обновливи извори на енергија. Истата година беа пуштени во употреба две фотоволтаични централи. Првата беше донација на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, додека втората е инсталирана на покривот на текстилна фабрика во Струмица. 
  • 2023

    Со официјалното отпочнување со работа на Берзата на електрична енергија, ОКТА АД - Скопје како една од првите сертифицирани компании, стана активен учесник и трговец.