Нашата стратегија за човечки ресурси е неразделно врзана со мисијата и целите на нашата компанија, притоа се стремиме:
•Да бидеме работодавец кој ќе биде прв избор, со вработени кои се главната конкурентна предност на компанијата. •Постојано да вложуваме во нашите вработени и да го поддржуваме нивниот професионален развој. •Нашите луѓе да бидат задоволни со нивната работа и да се чувствуваат горди што се дел од тимот на ОКТА.
Нашиот тим се состои од талентирани луѓе, професионалци во својата област, кои работат на најнапредните технички и комерцијални проекти во енергетскиот сектор во земјата.