Примарна цел на компанијата ОКТА АД-Скопје е обезбедување и грижа за здравјето и безбедноста на вработените, изведувачите, населението од околните места и животната средина согласно воспоставената Политика за здравје, безбедност и животна средина и одржлив развој.
Управувањето со ЗБЖ е базирано на националната легислатива, европските директиви, групациските и интерните работни упатства и процедури.
За примена и унапредување на истите во ОКТА постои сектор за Здравје, безбедност и животна средина (ЗБЖ).
Компанијата има имплементирано интегриран менаџмент систем кој ги опфаќа стандардите ISO 9001, ISO 45001 ISO 14001. Безбедност и здравје - грижа која ја водат сите вработени, на сите нивоа, потоа и претставниците на работниците при синдикалната организација на ОКТА, како и стручните лица за безбедност при работа. Сите изведувачи и надворешни соработници се обврзани да назначат свои координатори за безбедност при работа, за овозможување на полесна двонасочна комуникација. ОКТА има склучено договор за медицински услуги, со медицинскиот персонал што е достапен за сите вработени и надворешни соработници кои извршуваат активности на теренот на ОКТА. Дополнително, компанијата има овластување за вршење стручни работи за безбедност при работа од областа на проценка на ризик, изјава за безбедност и изработка и спроведување на програми за обука на вработените.
Програмa за ЗБЖ контрола - Со цел да се зголеми културата кон заштитата и безбедноста преку лоцирање и елиминација на небезбедни услови, воведено е извршување на контроли на објектите во ОКТА од страна за инженерите, менаџерите и директорите. Системот за управување со ЗБЖ подразбира пријавување на избегнати инциденти и инциденти, како и понатамошна истрага на сите позначајни инциденти од страна на стручна комисија. Целта е предлагање на корективни мерки кои, со нивната примена, би спречиле повторување на иста или слична небезбедна или ризична ситуација. Во ОКТА има служба за обезбедување со двајца координатори кои ја контролираат работата на надворешната компанија како и сопствена противпожарна служба опремена со две најсовремени возила и високостручен персонал за ПП заштита. Компанијата има формиран кризен штаб и изработени плански документи за заштита и спасување, одобрени од ДЗС (Дирекција за заштита и спасување) како и Seveso студија, која опфаќа мерки за безбедност на спречување и контрола на хавариите на опасни супстанции.
Заштита на животната средина - Грижата за животната средина во ОКТА подразбира постојано подобрување на перформансите со вложување во проекти за надградба на своите инсталации и контрола на влијанието врз околината преку, мониторинг и проценка на ризици.
Следење на емисии во воздух - Со цел намалување на емисиите во воздухот компанијата инвестира во:
Системот за намалување на емисиите од испарливи органски соединенија. Со поставувањето на оваа постројка за повраток и рекуперација на бензински пареи (VRU), како и надградбата на инсталацијата за долно полнење на авто цистерни се овозможи значително да се намали фугитивната емисија од испарливи органски соединенија во воздухот.
Инсталирани се котли за производство на пареа со моќност од 2.2 МW - со што е постигната значајна редукција на емисиите во воздухот.
Управување со отпад - Со генерираниот отпад се постапува согласно законските обврски што подразбира редукција, селектирање, и предавање на отпадот на овластена фирма за понатамошна преработка и/или отстранување.
Управување со води - Управувањето со води опфаќа постојано следење и испитување на квалитетот на пречистената отпадна вода, подземните води и техничката вода од страна на специјализирани акредитирани лаборатории.
ОКТА АД - Скопје се залага да ја врши својата дејност однесувајќи се етички и одговорно кон општеството и животната средина.