Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

Продуктовод

Инсталациите на ОКТА се поврзани со рафинеријата во Thessaloniki преку продуктовод долг 213 км. Оваа инвестиција вредна преку 100 милиони долари, беше пуштена во функција во 2002 г. со цел пренос на сурова нафта. На почетокот на 2013г., со застој на рафинеријата, продуктоводот престанува со работа. Големи инвестициски проекти беа започнати за пренамена на постоечкиот продуктовод на сурова нафта во продуктовод со цел пренос на дизел директно до инсталациите на ОКТА. Продуктоводот е подготвен да биде пуштен во употреба, по завршување на проектот за чистење и добивањето на лиценца за работа од надлежните органи во 2023 година.
Со продуктоводот стопанисува компанијата VARDAX, подружница на EL.P.ET Balkaniki S.A., со седиште во Thessaloniki и канцеларии во просториите на ОКТА АД – Скопје.