Резервоарскиот парк на ОКТА обезбедува капацитет за складирање на 350 милиони литри гориво. Со оваа инфраструктура компанијата претставува столб на снабдувањето на земјава со нафтени деривати.
За следење на количините во резервоарите ОКТА располага со современа и високо софистицирана опрема, ласерски мерачи на ниво, вградени дигитални мерачи на температура, аларми за ниско и високо ниво на течноста итн. Сите таблици за следење на волуменот во резервоарите се добиени со најнови ИСО стандардизирани методи. Континуирано се врши комплетна контрола на резервоарскиот парк, под надзор и раководство на искусни и обучени кадри. При контролата и одржувањето на резервоарскиот парк се применуваат најновите правилници за заштита на животната средина.