HELLENiQ ENERGY е динамична групација која има значајна улога во енергетскиот развој во Грција, како и во поширокиот регион на Југоисточна Европа.
Нејзината постепена трансформација од нафтена во енергетска сила е придружена со меѓународни активности, проширувања и алијанси, како и со програма за развој со одбрани профитабилни инвестиции во нови сектори.
Опсегот на активности вклучува:
- Снабдување, рафинирање и пласман на нафтени продукти во Грција и во странство.
- Малопродажба на нафтени производи, во Грција и во странство.
- Производство и пласман на хемиски/петрохемиски производи.
- Истражување и производство на јаглеводороди.
- Производство и пласман на електрична енергија и природен гас.
- Производство и пласман на обновливи енергетски извори.
- Обезбедување студии и технички услуги за технички проекти од областа на јаглеводороди.
- Учество во транспортирање на сурова нафта и производи (цевководи, испорака).
Во текот на последните пет години, Групацијата имплементираше инвестициска програма во вредност од приближно 3 милијарди евра, во која е опфатено комплетирање на најголемата приватна индустријска инвестиција во Грција, т.е. модернизација и надградба на рафинеријата Елефсина. Новата рафинерија ја крепи профитабилноста на Групацијата, додека обезбедува многукратни бенефиции за околината, вработувањето и националната економија.
За повеќе информации за Групацијата, посетете ја интернет страната
www.helpe.gr/en