Домашен пазар
ОКТА е најголемиот снабдувач на нафтени деривати покривајќи повеќе од две третини од вкупната потрошувачка во земјава. Исклучителниот спој на квалитетни производи и логистичка услуга моделирана согласно потребите на секој купувач, се гаранција дека сме партнер кој обезбедува сигурно и стабилно снабдување. Преку трговијата на големо имаме воспоставено добра деловна соработка со голем број јавни институции, индустриски корисници и трговци со нафтени деривати.
Извоз
Проактивниот однос кон трговијата со нафтени деривати ја постави ОКТА како една од клучните снабдувачи на пазарот во Косово, каде што традиционално бележи значаен пазарен удел. Присуството на пазарите во регионов компанијата го одржува и со периодични извозни количини во Албанија, Србија, Црна Гора и Грција.
Долгогодишната соработка со нашите купувачи, ни овозможи да креираме посебна програма за секого преку одговор на нивните специфични барања.