Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

FAQ

  • Што е цетански број?

    Цетанскиот број е индикатор за брзината на согорување на дизел горивото. Колку што е поголем цетанскиот број, толку полесно горивото согорува.
    Цетанскиот број исто така влијае врз тивкиот старт на моторот, емисијата и гласноста на согорувањето во коморите. Високиот цетански број обезбедува контрола врз времето на вбризгување во моторите со рециркулација на издувните гасови.
  • Колку е важна чистотата на дизелното гориво?


    Чистотата на дизел горивото истовремено значи  брза заштеда, подобри моторни перформанси и намалено таложење кое на долг рок може да предизвика значителни трошоци за делови, како и трошоци за нивно одржување. Во дизел моторите, посебно во модерните мотори со директно вбризгување во локомотивите, системот за вбризгување, пумпите и целото кружење на горивото се екстремно чувствителни од присуството на честички и вода. 
    Друг важен фактор кој може да влијае на перформансите на моторот и може да предизвика штетни наслаги во системот за вбризгување е формирањето на наслаги од согорување и кристализација на горивото (креирање на парафин) кое може да се случи во текот на зимските месеци поради ниските температури.
  • Во сертификатот за квалитет на ОКТА филтрабилноста на дизелот е означена со -6. Дали ова значи дека дизелот не е во согласност со граничните вредности пропишани со стандардот?

    Определувањето на точката на филтрабилноста (CFPP) служи за процена на најниската температура на која горивото без проблем ќе тече низ гасоводниот систем.
    Колку е точката пониска, горивото полесно минува низ филтерот, што значи помала веројатност за затнување на филтерот.
    Според МК стандардот, во различен период од годината точката на филтрабилност е различна.
    Во летен период (од 15.4 до 15.10) е дозволено мах 0˚C, значи CFPP ≤ 0. Минимум не е пропишан. Во нашиот случај (CFPP = -6) значи дека сме испорачале гориво со подобар квалитет од оној што го пропишува МК стандардот.
  • Што е октан?

    Името доаѓа од присуството на осум карбонски атоми во една хидрокарбон молекула. Октанскиот број (RON = Истражен октански број) е мерна единица на способноста на бензинот да биде отпорен на спонтано согорување. Спонтаното согорување може да предизвика моторно тропање, познато како ,,растреперени” звуци кои може да предизвикаат  оштетување на моторот. Модерните бензински мотори се приспособени на одреден октански број. Кога се користи бензин со помал октански број, се предизвикува тропање. Мотори со специјални сензори за тропање можат да поднесат помалку октанско гориво, го забавуваат согорувањето. Во исто време, зголемена е потрошувачката на гориво и моторните перформанси се намалени, влошувајќи го возачкото искуство. Со користење на бензин со поголем октански број од минималниот, потрошувачката на гориво е намалена и моторните перформанси се подобрени.
  • Дали сите безоловни 95 октански бензини се исти?

    95-октанските бензини треба да ги задоволат поставените критериуми на Европскиот стандард EN228. Со ова, секој бензин се стекнува со негови перформанси и карактеристики при употреба, во зависност од технологијата на специфичните адитиви кои што ги содржи. Во ОКТА, изборот на диференцирана технологија за безоловен 95 октански бензин (RON = Истражен октански број) е  фокусиран да обезбеди најниско можно ниво на потрошувачка во зависност од возниот стил, чистина и долговечност на моторот, без цената да го ограничува крајниот корисник. Комбинацијата на овие карактеристики доведе до дизајн на безоловниот Еуросупер БС 95 бензин.
  • Кои се разликите помеѓу 95 и 98 октанските бензини?

    Разликата во октанскиот број се согледува во квалитетот на согорувањето и перформансите кои се потребни за моторот на вашиот автомобил. Ако се користи бензин со помалку октани од оние кои што се препорачани од производителот, може да се слушне тропање во моторот на вашиот автомобил. Ова е феноменот на тропање (растреперени звуци), односно последиците кои беа наведени погоре.
  • Дали користењето на 98 октански бензин ја зголемува потрошувачката?

    Правилниот одговор на ова прашање зависи од стилот на возење и моделот на автомобилот. Со други зборови новата генерација на мотори со висок коефициент на согорување се стреми да постигне подобро согорување и оттаму да има намалена потрошувачка со многу подобри перформанси, посебно при возење на отворен пат надвор од градот. 98 октанскиот бензин го држи вашиот мотор чист преку намалено формирање на наслаги во вентилите, обезбедувајќи одлични резултати за чистотата во моторите со  директно вбризгување и палење со искра.
    Покрај тоа, со напреднатата технологија за адитиви во комбинација со зголемениот октански број, 98 октанскиот бензин значително го намалува триењето додека постигнува високи перформанси и економичност во потрошувачката на гориво.
  • Кои мотори имаат најголема придобивка од користење на 98 октански бензин?

    Сите мотори со директно вбризгување, без разлика дали се турбо или пак обични, имаат корист од високо октанскиот бензин поради тоа што тие имаат поголем коефициент на геометриска компресија споредливо со моторите со индиректно вбризгување.
  • Како можам да бидам сигурен дека 98 октанскиот бензин е навистина 98 октански?

    Во моментов, ОКТА е единствената компанија на локалниот пазар која што  спроведува Квалитет & Квантитет Гаранциска програма. ОКТА има опрема за тестирање, со што при полнење потрошувачот може лично да провери дали бензинот е навистина 98 октански или 95 октански кој вообичаено не е бистар. Специјално обучениот самостоен и независен кадар може да му помогне на потрошувачот да го изврши тестот на лице место.
  • Како да извозите повеќе километри со истата количина на гориво?

    Возете со константна брзина наместо постојано да ја променувате. Забрзувајте полека под ниска гас. Испланирајте ги вашите патувања и избегнувајте густ сообраќај. Редовно сервисирајте го вашето возило и секогаш пумпајте ги вашите гуми соодветно. Намалете го користењето на климата во вашиот автомобил. Возете на соодветни и асфалтирани патишта кои ќе ви овозможат заштеда на енергија и ќе го намалат трошокот на гориво. Користете го правиот октански бензин за вашиот автомобил и горивото со најдобар квалитет кое што ние ви го овозможуваме.