Нашите вработени се наша најголема конкурентска предност на пазарот. Инвестирањето во нив е клучот на нашиот успех, како сега така и во иднина. Во тој контекст, континуирано обезбедуваме услови за постојан развој на вештините на нашите вработени. Врз основа на постигнатите резултати и покажаните способности, вработените ги наградуваме со морални и материјални награди. Нашите награди се дизајнирани за да ги задоволат различните потреби на нашата разновидна работна сила.
Еден од нашите приоритети е постојано да ги унапредуваме перформансите и експертизата на нашите вработени. Преку специјализирани едукативни програми и обуки им нудиме шанса да го збогатат и прошират нивното знаење во областа во која се ангажирани, а со тоа и да го следат текот на брзиот развој на енергетскиот сектор.