Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

Да се биде дел од ОКТА

Се стремиме кон создавање на безбедна работна средина исполнета со меѓусебна поддршка, соработка и доверба, кои веруваме се клучни двигатели за унапредување на перформансите на нашите вработени и движечката сила која стои зад успехот на компанијата. Во индустрија којашто постојано се менува и бара висок степен на стручност, вештините на нашите вработени се клучна конкурентска предност и највредното средство на ОКТА.

Односот со нашите вработени го градиме врз принципот на рамноправен третман. Интеграцијата и напредокот на секој вработен во ОКТА се оценуваат врз основа на нивните квалификации, перформанси и амбиции, без никаква дискриминација врз основа на пол, возраст, потекло, боја, религија, националност, фамилијарен статус или верувања.

Водиме посебна грижа за максимално зголемување на вредноста на нашиот кадар преку создавање на здрава, позитивна и модерна работна средина во која се цени индивидуалноста, се поддржува постојаниот развој на секој вработен, а во исто време се охрабрува тимскиот дух. Создадовме голема корпоративна фамилија којашто комуницира, ги поддржува своите вработени, и ги споделува нивните проблеми, радости и грижи.