Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

Вработените во ОКТА со масовна поддршка на Светскиот ден за борба против глад



Вработените во ОКТА со масовна поддршка на Светскиот ден за борба против глад

(Скопје, 04.11.2019) - Вработените во ОКТА и оваа година масовно ја поддржаа глобалната иницијатива Светски ден за борба против гладот. На 24 октомври, со колективно откажување од дневните купони за храна собраа парични средства со кои се обезбеди донација од 245 оброци за социјално загрозените семејства во државата. Активноста се реализираше во соработка со Црвениот крст кој пакетите со храна ќе ги дистрибуира до семејства кои не можат да си дозволат достоинствен оброк. 

Вработените во компанијата ја покажаа својата хуманост на дело и преку крводарителската акција која се одржа истиот ден. Ова беше трета акција за дарување крв годинава и на неа учествуваа 90 крводарители. ОКТА како компанија има речиси 40-годишна традиција на организирање крводарителски акции и во овој период се одржани 135 вакви хуманитарни настани.   

Оваа општествено одговорна активност беше оценета како исклучително позитивна и успешна. Црвениот крст информираше за одбележувањето на Светскиот ден за борба против гладот во ОКТА во своето информативно издание. ОКТА е особено горда што во компанијата постојано се надградува свеста за значењето на социјално одговорното ангажирање и што токму вработените се иницијатори и масовни поддржувачи на низа волонтерски и хуманитарни активности.