Согласно Одлуката за исплата на дивиденда и утврдување на дивиденден календар, донесена на 30-тата седница на Собранието на акционери на ОКТА АД - Скопје, одржана на 02.06.2020 година, ОКТА АД - Скопје ќе врши исплата на дивиденда, започнувајќи од 24.07.2020 година, за акционерите кои ќе поднесат потребни документи за реализација на исплатата.
За таа цел, најдоцна до 10.07.2020 година ќе биде потребно да ги доставите следните документи:
За акционери - физички лица:
Копија од лична карта;
Копија од картичка од трансакциска сметка на која сакате да бидат исплатени паричните средства врз основа на дивиденда.
За акционери - правни лица:
Копија од тековна состојба не постара од шест месеци;
Копија од картичка за трансакциска сметка на која ќе бидат исплатени паричните средства врз основа на дивиденда.
Персоналниот данок на доход ќе биде уплатен од страна на ОКТА АД - Скопје.
Согласно мерките за заштита од КОВИД-19, Ве молиме потребните документи да ги доставите по електронски пат на okta_shareholders@helpe.gr или по пошта на адреса:
ОКТА АД - Скопје
ул.1 бр.25 н.м. Миладиновци, 1000 Скопје
Република Северна Македонија
Ви благодариме однапред за разбирањето и соработката.
За сите дополнителни прашања и појаснувања, Ве молиме контактирајте го: