Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

ОКТА четврта година по ред ги поддржа камповите за млади лидери во Крушево



ОКТА четврта година по ред ги поддржа камповите за млади лидери во Крушево


(Скопје, 01.08.2019) - ОКТА повторно ја покажа својата посветеност кон младите, поддржувајќи го четврта година по ред одржувањето на двата средношколски кампови за млади лидери, кои во текот на јули се одржаа во Крушево. 
 
Годинава на кампот за момчиња YMLP и на кампот за девојчиња GLOW учествуваа околу 140 средношколци од семејства со различна верска и етничка припадност и социјален статус. Организатори на камповите се Младинската асоцијација ИМКА од Битола и Мировниот корпус. Главната цел на овие кампови е личен и професионален развој на младите преку едукативни активности на различни теми како младинско вработување, граѓанска одговорност и лидерство, човекови права, екологија итн. Учесниците исто така имаа можност да кампуваат под отворено небо, учеа како да се снајдат во шума и да се забавуваат со различни спортски активности.   

ОКТА, покрај финансиската поддршка, даде свој придонес и со учество на претставници на компанијата на Саемите за младинска вработливост, кои се одржаа во рамките на двата кампа. Тие учествува на table talks сесиите, каде на камперите им ги објаснуваа можностите за практикантска работа и за вработување на млади во ОКТА. Гостин на еден од камповите беше и Главниот извршен директор на ОКТА, Јанис Геруланос кој одржа мотивациски говор пред камперите и заедно разговараа на тема професионален развој.   

Учесниците на камповите велат дека ова е навистина уникатно искуство за нив и им помага да стекнат поголема самодоверба, како и вештини кои ќе им помогнат во иднина. ОКТА со поддршката на GLOW и YMLP потврди дека останува верен пријател на младите генерации.