Нова група практиканти ќе се доусовршуваат во ОКТА
Нова група практиканти ќе се доусовршуваат во ОКТА
(Скопје, 4.04.2016) – Нова група практиканти добија можноста теоретското академско знаење практично да го применат на реални работни задачи како дел од програмата за практиканти на ОКТА. Компанијата веќе неколку години ја спроведува програмата за практиканти со цел да им помогне на младите луѓе да се изградат во професионалци и да станат конкурентни на пазарот на трудот.
„ОКТА и оваа година останува доследна во поддржувањето на образовните процеси во земјава, нудејќи можност на младите професионалци да го унапредат своето академско знаење преку пракса во мегународна компанија. Нашето искуство покажа дека практикантската програмата претставува одличен начин за студентите да одлучат дали одредена индустрија или професија е вистинската опција во која би ја развивале својата професионална кариера. Преку извршување на конкретни работни задачи под менторство на професионалци, во ОКТА практикантите ги развиваат своите лични и професионални вештини и имаат прилика да го искусат ритамот на работниот ден во една динамична атмосфера.“, изјави главниот извршен директор на ОКТА, Јанис Геруланос.
Во текот на оваа програма практикантите ќе бидат ангажирани на работните задачи кои одговараат на нивниот образовен профил, во период од 3 месеци со полно работно време, а нивната практична едукација ќе биде надгледувана од ментори.
Селекцијата на кандидатите се одвива во неколку циклуси во кои се ценат постигнатите резултати во текот на академското образование, како и нивниот ентузијазам, амбиција и желба за унапредување и градење на успешна професионална кариера.
Програмата за практикантство е дел од соработката на ОКТА со високообразовните институции во земјава која што се одвива во континуитет. Во последниот циклус кандидатите се избираа од повеќе државни и приватни факултети кои се блиски до оперативните процеси и дејноста на компанијата.