Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

Донација на OKTA од 50.000 евра за Министерството за здравство



Донација на OKTA од 50.000 евра за Министерството за здравство

(Скопје, 31.03.2020) – ОКТА преку донација на медицинска опрема во вредност од 50.000 евра ќе го поддржи здравствениот систем во справувањето со епидемијата предизвикана од вирусот SARS-CoV-2. Компанијата веќе набави еден видео бронхоскоп и 16 инфузиони пумпи, апарати  кои од Министерството за здравство беа посочени како неопходни во моментов. Целата набавена опрема деновиве ќе биде испорачана на Клиниката за инфективни болести во Скопје.  

„Во време кога на глобално ниво е навистина тешко да се најде соодветна медицинска опрема, ние како компанија направивме напори да ги обезбедиме овие апарати во најкус можен рок. Борбата со корона вирусот не е обврска само на здравствените работници туку на сите чинители во општеството. Токму затоа, ОКТА како општествено одговорна компанија помогна директно на здравствениот сектор кој вложува огромни напори за справување со вирусот и за спасување на лицата заразени со COVID-19“, изјави Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА.

ОКТА во целост ги почитува препораките на надлежните институции за превенција од ширење на корона вирусот и секојдневно го следи развојот на настаните, истовремено обезбедувајќи непрекинато снабдување со гориво на државата во овие моменти на криза.