ОКТА го одбележа Светскиот ден за борба против гладот со донација
ОКТА го одбележа Светскиот ден за борба против гладот со донација
(Скопје, 26.10.2017) – Вработените на ОКТА преку колективно, доброволно откажување од сопствениот оброк и донирање на средствата, го одбележаа Светскиот ден за борба против гладот. Со откажување од дневниот купон за храна, собрани се парични средства со кои се набавени прехранбени продукти за социјално загрозени семејства во руралните средини во државата. Повеќе од 100 семејни пакети со храна преку Црвениот Крст на град Скопје ќе бидат доставени до семејствата и граѓаните на кои им е потребна помош. Донаторската акција беше проширена и со крводарителска организирана во рамки на компанијата, преку која вработените уште еднаш ја покажаа својата хуманост.
Вработените на ОКТА со овие донаторски и хумани иницијативи секоја година го одбележуваат Светскиот ден за борба против гладот и со конкретни чекори се солидаризираат со оние што се наоѓаат во неповолна социјална состојба. Традиционалната акција, иницирана од самите вработени, а спроведена од Црвениот Крст во рамките на ОКТА, е во согласност со општествено одговорната ангажираност на компанијата. Колективната компаниска заложба за борба против гладот е само еден дел од честите донаторски активности на ОКТА заедно со своите вработени.