Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

ОКТА ja поддржа организацијата на Вилсон хуманитарна трка

ОКТА ја поддржа организацијата на Вилсон хуманитарна трка

(Скопје, 15.10.2016) Вилсон штафетната трка "ПОДАЈ РАКА 2016" се одржа на 15ти октомври, 2016 година на кејот на реката Вардар во Скопје. Трката беше организирана од Здружението на граѓани за лица со ретка болест Вилсон, со финансиска поддршка од страна на компанијата ОКТА.

Основање на регионален центар за поддршка на лицата кои страдаат од болеста Вилсон, беше целта на оваа втора хуманитарна штафетна трка "ПОДАЈ РАКА 2016". ОКТА како главен поддржувач на настанот ги покани и своите вработени да се приклучат на оваа хуманитарна трка, кои исто така трчаа во тимови заедно со останатите учесници.

На крајот на трката, на Главниот извршен директор на ОКТА, Jаннис Героуланос му беше подарена благодарница од страна на здружението како признание за спонзорството на настанот. Средствата кои беа собрани од оваа хуманитарна трка ќе бидат наменети за набавка на реагенси за рано откривање на ретката болест Вилсон и отворање на центар кој ќе биде од корист на лицата кои страдаат од оваа болест.

Со дадената поддршка на здружението, целта на ОКТА беше да се подигне свеста за болеста Вилсон кај јавноста и здравствената заедница. Покрај тоа, понесени од успехот на оваа иницијатива, здружувајќи тркачи од сите краеви на земјата, ОКТА смета дека овој настан е голем мотиватор за да се спроведат дополнителни активности со цел да се дијагностицираат пациенти навремено и да се намалат последиците од болеста Вилсон.