ОКТА се приклучи на хуманитарната акција за помош на настраданото население од поплавите
ОКТА се приклучи на хуманитарната акција за помош на настраданото население од поплавите
(Скопје, 12.08.2016) - ОКТА се приклучи на распространетата хуманитарна акција преку донација на гориво за механизацијата којашто интензивно работи на санирање на штетите од поплавата. Со оваа донација на Град Скопје ќе се овозможи непречена работа на механизацијата ангажирана во зафатените подрачја на општина Гази Баба.
Покрај помошта со гориво, OKTA донираше и финансиски средства за набавка на неопходни производи за загрозените семејства. Истовремено, вработените на ОКТА, самоиницијативно организираа хуманитарна акција за помош на своите сограѓани, а од собраните средства набавија гумени чизми, гумени ракавици, плински боци и средства за хигиена. Во соработка со Црвениот Крст производите беа доставени директно до поплавените подрачја.
Компанијата и нејзините вработени уште еднаш ја покажаа својата хуманост и посветеност кон општеството.