ОКТА ја продолжува успешната соработка со Централниот депозитар за хартии од вредност
ОКТА ја продолжува успешната соработка со Централниот депозитар за хартии од вредност
(Скопје, 21.06.2017) – Компанијата ОКТА втора година по ред дивидендата на своите акционери ќе им ја исплати преку Централниот депозитар за хартии од вредност. Исплатата на дивидендата е резултат на високата профитабилност постигната во 2016 година и зголемувањето на пазарниот удел на домашниот и на странскиот пазар заедно со оперативните подобрувања во работењето на компанијата.
Посредувањето од Централниот депозитар при исплата на дивидендата, беше првпат иницирано измината година, кога ОКТА донесе одлука за институционална исплата на истата на брз и ефикасен начин, со придобивки за акционерите и за компанијата.
Исплатата на дивиденда ќе биде извршена на трансакциски сметки соодветно информациите што акционерите ги доставиле до Централниот депозитар за хартии од вредност, а кои беа користени за исплата на дивиденда и минатата година. Централниот депозитар за хартии од вредност ќе испрати допис со кој ќе ги повика акционерите кои се уште немаат ажурирани информации потребни за спроведување на процесот на исплата на дивиденда, да достават податоци за трансакциска сметка.
Доколку е потребно ажурирање на веќе доставените податоци, акционерите треба соодветните информации да ги достават во Централниот Депозитар најдоцна до 21-ви јули 2017 година.