Две студентки со стипендија од ОКТА и Хеленик Петролеум за постдипломски студии во Грција
Две студентки со стипендија од ОКТА и Хеленик Петролеум за постдипломски студии во Грција
Стефанија Таневска и Ангелина Славески се двете добитнички на стипендиите за Постдипломски студии на конкурсот што беше објавен од страна на компанијата ОКТА во мај годинава. Студентките ќе ја имаат привилегијата да ги продолжат своите студии на Универзитетот на Пиреја и Техничкиот Универзитет на Крит, со кои што Хеленик Петролеум Групацијата, на која припаѓа ОКТА, склучи тригодишен договор за соработка. Со оваа иницијатива Групацијата, покрај стипендирање на студенти од нашата земја, додели вкупно 25 стипендии на студенти и во останатите земји каде е присутна (Грција, Кипар, Црна Гора, Бугарија и Србија). Покрај платените студии, на двете студентки компанијата ОКТА им додели и дополнителна стипендија, за трошоци за живот во вредност од 1000 евра месечно за секоја.
Стефанија Таневска е правник по професија, а следното образовно ниво ќе го продолжи на постдипломските студии по енергетика, право и економија на Универзитетот на Пиреја, а Ангелина Славески дипломиран технолог, на постдипломски студии по нафтено инженерство на Факултетот за инженерство на минерални ресурси на Техничкиот универзитет на Крит.
Како дел од општествено одговорните практики ОКТА продолжува да вложува во една од најзначајните сфери на заедницата, а тоа е градење на квалификувани кадри и зајакнување на интелектуални капацитети во земјава.