Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

ОКТА и Хеленик Петролеум со стипендии за постдипломски студии во Грција



ОКТА и Хеленик Петролеум со стипендии за постдипломски студии во Грција


Двајца студенти од земјава ќе ја имаат можноста да добијат стипендија за постдипломски студии во Грција. Стипендијата ќе ги покрива трошоците за школарина, како и трошоци за живот во висина од 1.000 евра месечно.

Неодамна, Групацијата Хеленик Петролеум потпиша тригодишен договор за соработка со два универзитети во Грција за следниве постдипломски програми: Постдипломски студии за енергетска стратегија, право и економија на Универзитетот во Пиреја, како и Постдипломски студии по нафтен инженеринг на Техничкиот универзитет на Крит.

Хеленик Петролеум на овие специјализирани постдипломски програми ќе даде поддршката на значаен број на стипендии (вкупно 25), кои ќе бидат доделени на најмалку два студенти од нашата земја, како и на кандидати од останатите земји каде е присутна Групацијата (Грција, Кипар, Црна Гора, Бугарија и Србија).

Главната цел на програмата ќе биде едукација и обука на студентите, со цел да се стекнат со поширока научна основа од областа на нафтената индустрија и енергетскиот сектор. Истражувањата и предавањата на двете постдипломски програми се одвиваат на англиски јазик, преку спроведување на иновативни методи, кои вклучуваат семинари, едукативни посети, истражувачки проекти поврзани со енергетскиот пазар и нафтената индустрија во и надвор од Грција, со посебен акцент на поширокиот Балкан и Југоисточна Европа, каде е активна Групацијата Хеленик Петролеум.

ОКТА како дел од Хеленик Петролеум, најголемата енергетска групација во Грција и регионот, постојано инвестира во образование, истражување и иновации преку соработка со универзитети и центри за истражување во Грција и пошироко.

Повеќе информации во врска со стипендиите ќе најдете на www.okta-elpe.com