Мерки и препораки за заштита од вирусот SARS-CoV-2
Мерки и препораки за заштита од вирусот SARS-CoV-2
ОКТА во целост ги почитува препораките и правилата за спречување на ширењето на вирусот SARS-Cov-2 утврдени од Министерството за здравство и од другите надлежни институции. Заштитата на нашите вработени, потрошувачи и соработници е приоритет број еден на кој сме целосно посветени. Компанијата секојдневно го следи развојот на настаните предизвикани од корона вирусот и навремено ги презема сите неопходни мерки за заштита.
Ве информираме дека во таа насока се преземени следните активности:
Во седиштето на ОКТА АД - Скопје •Вработените чие присуство не е неопходно во компанијата работат од дома •Сите состаноци се одржуваат преку соодветни средства за електронска комуникација •Се направи реорганизација на работните активности за да се минимизира контактот помеѓу вработените •Поделени се заштитни маски и ракавици на сите вработени •Поставени се средства за дезинфекција на повеќе локации низ компанијата, како и на сите влезови •Се врши секојдневна дезинфекција на организираниот превоз на вработените, а еднаш неделно се прави дезинфекција на сите објекти во рамките на ОКТА •Обезбедена и означена соба за изолација во рамките на компанијата •Се врши мерење телесна температура на сите лица што влегуваат во ОКТА •Минимизирана е комуникацијата на вработените со возачите на цистерни, надворешните соработници, како и посета на вработените на други компании
На бензинските станици со брендот ОКТА •Поставени се средства за дезинфекција на соодветни локации на самите бензински станици •Вработените се опремени со заштитни маски и ракавици •Зголемена е динамика на чистење на сите површини
Превенцијата од вирусот SARS-Cov-2 е заедничка обврска на сите нас. За да се заштитите себеси и луѓето околу вас, Ве молиме кога ќе ги посетувате бензинските станици со брендот ОКТА, да се придржувате до следните препораки: •Завршете ја работата заради која што сте дошле за што е можно покусо време •Доколку немате потреба не влегувајте во затворениот дел на бензинската станица •Избегнувајте непотребен контакт со вработените или останатите посетители •Користете ги дезинфекциските средства поставени на соодветно место во бензинските станици •Одржувајте безбедно растојание од два метра од останатите посетители •Не ги допирајте непотребно производите во продажниот простор на бензинските станици •Избегнувајте да плаќате во кеш, препорачливо е користење платежни картички