Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

Силк Роуд Банка и ОКТА

Бонус од 5% со Американ Експрес на бензинските станици ОКТА

(Скопје, 13.07.2018) – Со новата летна кампања на Силк Роуд Банка АД Скопје и ОКТА АД – Скопје, корисниците на Американ Експрес картичките, имаат можност да добијат 5% бонус со секое купување во бензинските станици со брендот ОКТА. Заедничката кампања „Твој Бонус” ќе трае во текот на месеците јули, август и септември.

Со секоја направена трансакција со Американ Експрес картичките на сите бензински станици со брендот ОКТА, на корисниците им се одобрува бонус од 5% од износот на направената трансакција. Максималниот месечен износ за кој важи бонусот од 5% е до 6.000 денари. На месечните трансакции со кои се надминува овој износ, ќе биде одобрен поврат на средства по стапка од 2,5%. 

Во претстојниот период уживајте во вашите летни одмори и безгрижно патувајте со картичките на Американ Експрес и горивата на ОКТА.