ОКТА и Хеленик Петролеум доделија две стипендии за постдипломски студии во Грција
ОКТА и Хеленик Петролеум доделија две стипендии за постдипломски студии во Грција
(Скопје, 20.09.2018) - Компанијата ОКТА и Групацијата Хеленик Петролеум продолжуваат со проекти за поддршка на образованието и развојот на младите луѓе во земјава. Во вторникот, на 18-ти септември, во седиштето на ОКТА беа потпишани договори со двете студентки кои годинава ги добија стипендиите за постдипломски студии на Универзитетот во Пиреја, Грција. Наташа Скендерова и Василика Калајџиска ќе имаат привилегија да го надградат своето знаење во рамките на програмата Енергетика: стратегија, право и економија, која е прва магистерска програма од ваков тип во Југоисточна Европа.
Студентките се добитнички на целосна стипендија, која покрај платените студии од Хеленик Петролеум, опфаќа и поддршка од ОКТА за трошоци за живот во висина од 1.000 евра месечно. Изборот на добитниците на стипендија го направи стручна комисија во рамките на Универзитетот во Пиреја врз основа на образовните и професионални квалификации на кандидатите.
Втора година по ред, Групацијата Хеленик Петролеум доделува вкупно 25 стипендии за постдипломски студии во Грција на студенти во шесте земји во кои е присутна. ОКТА во текот на октомври ќе поддржи уште десет студенти од земјава со стипендии за постдипломски студии на шест факултети на Универзитетот Свети Кирил и Методиј.