Контакт телефон +389 (0) 2 2532 000

ОКТА донираше, вработените трчаа за поддршка на лицата со ретката болест Вилсон




ОКТА донираше, вработените трчаа за поддршка на лицата со ретката болест Вилсон

ОКТА и вработените во компанијата четврта година по ред се главен поддржувач на Хуманитарната штафетна трка „Подај рака“, чија цел е да се подигне свеста за заболените од Вилсонова болест и да се поттикне социјалната вклученост на лицата кои се соочуваат со оваа болест. На трката, која се одржа во неделата, на 21 октомври, на кејот на реката Вардар, учествуваа 236 натпреварувачи меѓу кои имаше и три тима од ОКТА. Во рамките на настанот традиционално се одржа и детска трка.

Поддршката на овој хуманитарен настан е доказ за посветеноста и желбата на ОКТА да помогне во изградбата на инклузивно општество и да им понуди помош на членовите на заедницата на кои таа им е најпотребна. Собраните средства оваа година ќе бидат искористени за запознавање на матичните лекари со можните симптоми и начините за рано детектирање на болеста, што ќе се спроведе со карван низ повеќе градови во државата. 

Болеста Вилсон предизвикува нарушување на метаболизмот што води до таложење бакар во црниот дроб, мозокот и очите. Овој процес се одвива постепено и со години, пред појавата на првите симптоми. Навременото откривање на болеста и редовната терапија се од пресудно значење, бидејќи им овозможуваат нормален живот на пациентите.