Висококвалитетниот 95 октански безоловен бензин целосно ги исполнува строгите барања на најновите Европски регулативи за квалитет на гориво EN 228, односно МКС ЕN 228, согласно барањата на Euro5 стандардите за емисија на моторни возила. ЕУРОСУПЕР БС 95 е наменет за најновата генерација возила и воедно го зголемува нивниот животен век. Користењето на овој тип бензин придонесува за заштита на животната средина преку намалување на емисијата на издувни гасови (содржи максимум 10 ppm сулфур, во согласност со европските стандарди).
Во текот на летниот период горивото кое го нудиме има карактеристики наменети за високи надворешни температури, додека во зима е прилагодено на ниските надворешни температури.